Францускиот стопер, Самуел Умтити пред крајот на овој месец доживеа сериозна повреда на коленото, поради што ќе ги пропушти натпреварите против Атлетик Билбао, Тотенхем и Валенсија.
Според последните вести од Шпанија, на Умтити му предстои повеќемесечна пауза и извесно е дека нема да се врати на теренот пред 2019. година. Барселона без Умтити ќе биде на некои многу важни натпревари, меѓу останатите против Севиља, Интер и Реал Мадрид.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Се уште не е познато дали Умтити ќе мора да оди на операција, но и тоа прашање ќе се реши многу брзо. Самуел Умтити пред повредата одигра шест натпревари во Ла Лига, каде што забележа една аситенција.