Дома Топ вести Шок во Премиер лигата: Денес сум последен пат фудбалер, сега морам да се борам за живот!

Шок во Премиер лигата: Денес сум последен пат фудбалер, сега морам да се борам за живот!

Тажни вести ни доаѓаат од Премиер лигата. Голманот на Вулверхемптон, Карл Икеме мораше да се пензионира поради битката која ја води со леукемијата.

На Икеме пред една година му беше дијагностицирана леукемија, но успеа да брани во Чемпионшип и да се пласира во Премиер лигата со „волците“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Меѓутоа, мораше да му каже „збогум на фудбалот“. Дојде на тренинг и на соиграчите им кажа – ова е мој последен ден како фудбалер!

„Разговарав со докторот и ме советуваше да се повлечам бидејќи имам многу третмани и не смеам да ризикувам. Здравјето ми е приоритет, сакам да бидам со семејството и пријателите. Сега, кога е мојот живот во опасност, оваа одлука е најмалку што можам да направам“, изјави Икеме.

Икеме е целиот свој живот во Вулверхемптон, од својата 14-та година, а сега има 32 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Голман застрелан во улична пресметка: Семејството на младиот спортист во очај (Фото)

Голманот на клубот Форвард сонуваше за професионална кариера, но беше брутално убиен во са…