Дома Фудбал Италија Шок во Милано: Интер загуби „добиен“ натпревар (видео)

Шок во Милано: Интер загуби „добиен“ натпревар (видео)

Интер им приреди уште едно големо изненадување на своите фанови откако на домашен терен загуби од Болоња со 1:2.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Нероаѕурите“ одлично го отворија мечот, доминираа во првите триесетина минути, а предноста стигна во 22-та минута преку Лукаку.

Тимот на Конте и после водство беше подобар на терен, а на почетокот на вториот дел Болоња остана со играч помалку, па се чинеше дека Интер рутински ќе ги освои трите бода.

Во 62-та минута Лаутаро промаши пенал, па Интер падна во играта. Десетина минути подоцна стигна казната, па Болоња израмни преку Јувара.

Три минути подоцна силите беа израмнети на теренот, бидејќи втор жолт картон доби Бастони.  Во 80-та минута Бароу рутински го матираше Хандановиќ за комплетен пресврт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Монако ја раскина соработката со Пол Погба

Фудбалскиот клуб Монако соопшти дека по договор го раскинал договорот со поранешниот франц…