Tимот на Шкупи денес се засили со екс-косовскиот репрезентативец, Суад Сахити.
Во прашање е 28-годишно десно крило кој во минатото беше дел и од Работнички, но во минатото имаше можност и да ја почувствува младинската школа на француски Марсеј.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Со клубот од Чаир потпиша договор на една година со можност за продолжување на уште една.
Сениорската кариера ја започна во клубот од Дебар Маало за кој играше од 2014-та до 2017-та година. Покрај Работнички го носеше дресот уште на Секндербеу, АЕЛ, Септември Софија, Висла Плоцк, Зрињски, Шибеник и Лапи од каде што дојде во Чаир.