Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкупи не им дозволи на Реџиналдо и Рватубјаје да играат за репрезентациите

Шкупи не им дозволи на Реџиналдо и Рватубјаје да играат за репрезентациите

Тимот на Шкупи не ги пушти Реџиналдо и Абдул Рватубјаје да играат за своите репрезентации.

Реџиналдо доби повик од Мозамик, а Рватубјаје од Руанда, но Шкупи поради ситуацијата со коронавирусот и дозволата од ФИФА клубовите да одлучуваат се реши да ги задржи во тимот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако двајцата фудбалери отпатуваа да играат за своите селекции тие ќе мораа да поминат во 15-дневен карантин. Во овој момент кај нас на сила е мерка карантин од 15 дена за сите кои доаѓаато од африканските земји.

Единствен кој ќе има репрезентативни обврски во Шкупи е Јакуп Бериша кој ќе биде во селекцијата на Благоја Милевски до 21 година која ќе има тренинг-камп во Турција на кој ќе одигра три натпревари.

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Судиска анализа: Струга оштетена за пенал во Ѓорче

Во викендот кој е зад нас се играа натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска л…