Во рамките од 20. коло во македонската прва лига Шкендија ја оправда фаворитската улога и лесно дојде до триумф против Борец во Велес.
На Шкендија и требаше победа за да го одржи чекорот со лидеорт Шкупи, сега тетовци се на -5 со тоа што Шкупи својот натпревар од ова коло го игра утре против Работнички. Победата на Шкендија денес ја најави Кире Маркоски пред крајот на полувремето, засилувањето токму од чаирчани погоди во 44. минута.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
После еден час игра веќе стана јасно дека бодовите заминуваат во Тетово затоа што Шкендија дојде до 0:2. Конечните 0:3 ги постави Дита на десетина минути пред крајот на средбата.
Шкендија сега е на 40 бода, Шкупи има 45, Академија Пандев 35. Останатите натпревари од 20. коло се играат утре.
Фото: ФК Шкендија