Претседателот на Судиската федерација на Италија, Марчело Ники јавно се огласи по повод играта со рака на дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт против Болоња.
Јувентус победи со 2:1, меѓутоа, според многумина дамка на мечот е спорната ситуација во судиското надополнување. Болоња имаше последен напад на мечот, а Матијас де Лихт играше со рака по еден центаршут на противничкиот тим.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, според правилата на Судиската организација, судијата донел точна одлука и постапил според правилата.
„Го погоди топката во рака, но според правилата тоа не е пенал. Правилата се јасни и би сакал навивачите да научат што е пенал, а што не. Кој мисли дека треба да се менуваат правилата ако станува збор за друг клуб, тогаш не треба да доаѓа на натпреварите. Правилата за сите се исти и тоа е јасно“, порачаа од управата“, изјави Марчело Ники.
Uhm… pic.twitter.com/pi99mQPoEW
— pap1pap (@pap1pap) October 19, 2019