Поранешниот фудбалер и менаџер на Тотенхем, Тим Шервуд, смета дека доколку управата на „Спарсите“ го врати Герет Бејл, тие ќе ја освојат титулата во Премиер лигата.
Маурисио Покетино на „Вајт Харт Лејн“ сеуште не довел некое големо засилување, а според пишувањето на британските медиуми, тој има четири желби, но тој би бил задоволен и со три, а со тоа негово мислење не се сложува Тим Шервуд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мислам дека е подобро да го вратат Герет Бејл отколку да доведат три просечни засилувања од 50 милиони евра. Сите навивачи на Тотенхем би биле воодушевени, покрај тоа квалитетот на игра на целиот тим ќе се подигне на поголемо ниво. Платите во клубот се превисоки и има простор нешто да се промени, сметам дека Тотенхем во овој момент кога се финансиите во прашање може да си го дозволи Бејл“, изјави Шервуд.
Шервуд исто така смета дека за освојување на титулата потребно е и клубот да нема проблеми со повредите. Да потсетиме, Бејл го напушти Тотенхем и премина во Реал Мадрид во 2013 година за сума од 85 милиони евра.
Во продолежение можете да ги погледнете погодоците кои Бејл ги постигна во дресот на „петлите“.