Вчера навивачите на Арсенал протестираа пред „Емирати“ брајќи сопственикот Стен Кронке да си замине од клубот.
Навивачите не се задоволни од тоа како тој го води клубот, а се кулминираше со неговиот обид да се приклучи кон Суперлигата. Протестите беа масовни, се собраа голем број навивачи кои бараа промена на раководството.
Набрзо потоа се јави и човек кој има можност и кој е заинтересиран да го купи Арсенал. Шведскиот милијардер Даниел Ек јавно испрати понуда.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Како дете го поддржував Арсенал откако се сеќавам за себе. Ако КСЕ (групацијата која го поседува клубот) сака да го продаде, јас би сакал да го купам“, пиша Ек на Твитер.
Швеѓанецот инаку е сопственик на популарниот музички стриминг-сервис „Спотифај“, неговото лично богатство се проценува на 4.7 милијарди долари.
As a kid growing up, I’ve cheered for @Arsenal as long as I can remember. If KSE would like to sell Arsenal I'd be happy to throw my hat in the ring.
— Daniel Ek (@eldsjal) April 23, 2021