Швајцарскиот репрезентативец со албанско потекло Џердан Шаќири е една од најомразените спортски личности.
Овој фудбалер, заедно со Гранит Џака, направи вистински скандал во текот на СП кога при прославата на головите против Србија го покажаа двоглавиот орел.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поради фактот што Ливерпул во ЛШ игра против Црвена Звезда, медиумите со недели наназад шпекулираат дека овој играч нема да смее да дојде во Белград поради пеколниот пречек кој му го спремаат домашните навивачи. Меѓутоа, ништо од тоа..
„Нормално дека ќе дојдам во Белград. Таму ќе отпатувам сосема нормално, да играм фудбал. Од никој не се плашам, ниту дозволувам некој да ме плаши.“ – изјави Шаќири.
Натпреварот меѓу Звезда и Ливерпул се игра на 6. ноември на стадионот Рајко Митиќ, а сите влезници се веќе распродадени.