Швајцарскиот фудбалер Џердан Шакири конечно се одлучи да проговори кога е во прашање натпреварот против Црвена Звезда во Белград.
Да потсетиме, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп одлучи да не го носи Шакири во Белград, а како причина ја наведе дека тој и неговата екипа сакаат само да мислат на фудбал, а не на политика.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот стручњак во таа прилика рече дека Шакири добро ја примил неговата одлука, а сега се огласи и самиот фудбалер кој зборуваше за Скај Спорт.
„Во Белград е жешка атмосферата. Беше попаметно да останам во Англија и сите да се сконцентрираат само на фудбал.“ – изјави Шакири.
Да потсетиме, Ливерпул го загуби овој натпревар со резултат 2:0.