Дома Фудбал Германија Чурлонов ја задолжи „седумката“: Среќен сум што ќе играм за Шалке

Чурлонов ја задолжи „седумката“: Среќен сум што ќе играм за Шалке

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов денес беше претставен во Шалке, каде ќе игра со дресот број 7.

Чурлинов доаѓа во легендарниот германски клуб на позајмица од Штутгат и не ја криеше својата среќа.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Многу сум среќен што се случи овој потег. Моите разговори со клубот беа многу добри што направи ова да биде лесна одлука. Како тим сакаме многу да постигнеме и сакам да придонесам за тоа“, изјави Чурлинов.

„Дарко е „ол-раунд“ напаѓач, одличен е еден на еден и лесно може да ја мине противничката дефанзива, може да биде постојана закана за длабока одбрана, силен е со двете нозе, така да неговиот стил многу добро ќе се вклопи во нашиот тим и многу сме задоволни што го имаме во нашите редови“, истакна спортскиот директор на Шалке.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Бруно Фернандеш: Јунајтед ќе ме ослободеше, ако сакав да заминам

Kапитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш потврди дека клубот бил подготвен да го п…