Вчеравечер во францускиот куп мало чудо направи екипата на Гуингамп.
Овој тим успеа да го елиминира моќниот тим на ПСЖ од францускиот Лига Куп и тоа откако го победи со 2:1.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Првото полувреме на овој натпревар не донесе големи возбудувања. ПСЖ напаѓаше, но не создаваше кој знае какви шанси, па на полувреме се замина без погодоци.
Сепак, во продолжение гледавме вистинско шоу. Се започна во 61-та минута кога гостите го добија првиот пенал на натпревар, но Турам не го претвори во погодок. Само две минути стигна казна, погоди Нејмар.
Тогаш изгледаше дека ПСЖ конечно го скршил отпорот на Гунингамп, но гостите девет минути подоцна добиваат нов пенал. Овој пат сигурен од белата точка беше Н’Гбакото за 1:1. Кога
се мислеше дека ќе гледаме пенали во судиското продолжение Бастиен досудува уште еден пенал во корист за Гуингамп. Повторно одговорноста ја превзема Турам, но овој пат за разлика од првиот пат беше прецизен.
На овој начин беше прекината низата од дури 49 победи на ПСЖ во домашните куп натпреварувања.
https://www.youtube.com/watch?v=ipDxsC3ZPGM