Tимот на Бристол Роверс на неверојатен начин се избори за пласман во Лига 1, третото по ранг натпреварување во Англија.




Во последното коло од Лига 2 на овој тим му беше потребна победа од седум гола разлика за да го прескокне Нортемптон на третата позиција, последната која води директно во повисок ранг.




Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Иако изгледаше неверојатно успеаа да слават со седум разлика и тоа со 7:0. На полувремето резултатот беше 2:0, а Норетемптон во тој период водеше со 3:1. До крајот Роверс постигна уште пет гола, а Нортемптон не ја погоди противничката мрежа, па така Бристол се промовираше во нов член на Лига.




Двата тима имаат по 80 бода и гол идентична гол разлика од +22, а Бристол оди во Лига 1 поради повеќе постигнати голови, тие имаат 71, а Нортемптон 60.