Дома Актуелно Човекот кој разочара Гатузо: Не можев да поверувам што се случи, ова е награда

Човекот кој разочара Гатузо: Не можев да поверувам што се случи, ова е награда

Тимот на Беневенто денес конечно го освои првиот бод во Серија А и тоа на неверојатен начин.

Голманот, Алберто Брињоли во судиското продолжение успеа да ја погоди мрежата на својот колега на спротивната страна и така стана херој на тимот кој е на последното место на табелата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Сеуште не можам да поверувам што се случи. Добивме прекин, а од клупата ми довикуваа да одам во шеснаесетникот. Кога топката дојде до мене, само скокнав и ги затворив очите, кога видов дека заврши во мрежата не знаев што да правам во тој момент. Ова е награда за натпреварите кои ги изгубивме во судиското продолжение. Среќен сум што ги израдувавме нашите навивачи кои секогаш се со нас“, изјави херојот Брињоли.

Иначе, Брињоли во Беневенто настапува како позајмен фудбалер од екипата на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Лига на шампиони 2025/26 – Се она што сакате да знаете, а нема кого да прашате

Зад нас е неверојатно лето и покрај фактот што немавме некое големо спортско натпреварувањ…