Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ова лето планира големи промени во тимот и веќе составил „црна листа“ на фудбалери кои ќе треба да заминат од „Сантиаго Бернабеу“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Кралскиот“ клуб наводно е подготвен за голема продажба и постои добра можност некои од големите sвезди повеќе да не ги гледаме во дресот на овој тим.
Така Спорт вчера издвои „црна листа“ на фудбалери за кои нема да има место на „Сантијаго Бернабеу“ од следната сезона и најави револуција меѓу „кралевите“.
Дури 11 играчи, наводно, би можеле да бидат продадени. На листата се наоѓаат Лука Јовиќ, Модриќ, Герет Бејл, Џејмс Родригез и Марсело.
Други играчи на списокот се Маријано Дијаз, Едер Милитао, Брахим Дијаз, Алфонс Ареола, Алваро Одриозола и Лукас Васкез.