По одличните засилувања, Унаи Емери би можел да ја расчисти соблекувалната на Арсенал.
Имено, Шпанецот планира да продаде седум играчи за да собере пари за уште две засилувања. Голманите, Оспина и Чех се на продажба по доаѓањето на Лена, Колумбиецот би можел да си оди во Бешикташ, a легендарниот чувар на мрежата би можел да се врати во Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Освен тоа, Начо Монреал има понуда од Билбао која ќе биде прифатена, на продажба се и Мустафи, Велбек, Џенкинсон и заборавенишот Шпанец, Лукас Перез. Потсетуваме дека Мертесакер се повлече и дека Вилшер си замина во Вест Хем.
Ако си оди Монреал, на Колашинац му е потребна конкуренција на позицијата лев бек и тука Арсенал ќе бара засилување како и едно крило. Желба е Дембеле од Барса на позајмица што е малку веројатно, а многумина веруваат дека ќе го купат Сенегалецот, М`Бае Нианг.