Дома Фудбал Лига на шампиони Чеферин: ПСЖ ја поддржува идејата за „Фајнл-фор“ во ЛШ

Чеферин: ПСЖ ја поддржува идејата за „Фајнл-фор“ во ЛШ

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин ги откри плановите за промена на форматот на Лигата на шампиони.

Идејата на европската куќа на фудбалерот е да се игра „Фајнл-фор“, односно четирите полуфиналисти да играат турнирски на неутрален терен и така да се борат за трофејот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На сличен начин беше решен победникот во сезоната 2019/20, кога поради пандемијата беше прекината сезоната во март.

„Се уште не сме донеле конечна одлука поради пандемијата, бидејќи сега е тешко да се планира. Но мислам дека идејата е одлична“, изјави Чеферин.

„Идејата им ја соопштив на неколку претседатели, како на Насер Ал-Келаифи, кои се согласија. Мислам дека Фајнл-фор во ЛШ ќе донесе и поголеми приходи за клубовите“, додаде првиот човек на УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Одлука која ќе предизвика бура – За Валверде само еден натпревар суспензија!?

Иако на почетокот на неделата се чинеше дека Федерико Валверде ќе добие суспензија од два …