Дома Фудбал Англија Четири ѕвезди на Јунајтед се враќаат за дуелот со Милан

Четири ѕвезди на Јунајтед се враќаат за дуелот со Милан

Едисон Кавани и Антони Марсијал најверојатно ќе се вратат во тимот за реванш дуелот од Лига Европа против Милан.

Двајцата напаѓачи го пропуштија вчерашниот дуел со Вест Хем, но ќе се опорават за гостувањето на „Сан Сиро“ во четврток.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Многу веројатно Кавани и Марсијал ќе бидат спремни за дуелот со Милан. Истото важи и за Ван де Бек“, откри менаџерот Солскјер.

Голманот Де Геа исто така се враќа во тимот, откако имаше одмор поради раѓањето на дете. Исто така Пол Погба најверојатно ќе биде повикан за дуелот со Милан, но ќе започне од клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Mожеше да биде великан во фудбалот, но избра пари и ја запечати својата судбина.

Поранешната ѕвезда на Челзи, Оскар, поради здравствени проблеми донесе тешка одлука и став…