Дома Топ вести Четири европски гиганти се „тепаат“ за новиот бразилски „бисер“

Четири европски гиганти се „тепаат“ за новиот бразилски „бисер“

Бразил од секогаш важел за „фабрика“ на големи фудбалски таленти, а новиот „бисер“ се вика Паулињо и настапува за Васко де Гама.

Овој 17-годишен напаѓач важи за еден од најголемите таленти во Јужна Америка и за него силен интерес покажуваат четири европски гиганти, Реал Мадрид, Барселона, ПСЖ и Јувентус.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Паулињо минатата година дебитираше за првиот тим на Васо де Гама со само 16 години и во својот трет настап постигна два гола. Со тоа стана најмладиот фудбалер кој постогнал гол за славниот бразилски клуб и го сруши рекордот на Филипе Кутињо.

Паулињо може да игра и како централен и како крилен напаѓач, има одлично чувство за гол и фантастична техника.

Поради тоа веќе започна борбата за неговиот потпис, а медиумите тврдат дека неговата цена може да достигне до 50 милиони евра.

Запомнете го ова име, експертите тврдат дека ќе биде новата голема ѕвезда на светскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…