Реал Мадрид ова лето ќе прави вистинска реконструкција на тимот, па откако пристигнаа пет нови фудбалери, време е да се „исчисти вишокот“.
Според весникот „Ас“, клубот е во напредна фаза на преговори за продажба на Лукас Васкез, Дани Себаљос, Мартин Одегард и Борха Мајорал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најблиску до излезната врата е Лукас Васкез, за кого има интерес од Арсенал, ПСЖ и Баерн, кои се подготвени да ја платат сумата од 32 милиони евра, колку што бараат „кралевите“.
Најблиску до неговиот потпис се „топџиите“, бидејќи желбата на самиот играч е да се пресели во Премиер лигата.
Повторно кон северен Лондон, но кон Тотенхем, е на пат да преземе Себаљос. Преговорите и за неговото заминување се во напредна фаза и се очекува да завршат во почетокот на следната недела. Се уште не е пријавен износот за кој „петлите“ ќе го ангажираат.
Што се однесува до Одегард и Мајорал, тие се очекува да се преселат во Реал Сосиедад. Од сите играчи исклучиво Мајорал ќе има опција наскоро да се врати на „Сантијаго Бернабеу“, бидејќи во неговиот договор ќе „бај-бек“ клаузула која ќе важи во слдедните две години.