Дома Топ вести Четворица кандидати за клупата на Реал, Конте фаворит

Четворица кандидати за клупата на Реал, Конте фаворит

Реал Мадрид денес и официјално потврди дека Зинедин Зидан повеќе не е тренер на „кралскиот“ клуб.

„Кралевите“ веќе ја започнаа потрагата по нов тренер, а медиумите пренесуваат дека има четворица кандидати за тренерското столче.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Прв избор на Флорентино Перез беше Макс Алегри, кој одлучи да се врати на клупата на Јувентус.

Во моментов прв фаворит е Антонио Конте, кој спогодбено го раскина договорот со Интер и е слободен да потпише договор со „кралевите“.

Втора опција е Јоаким Лев кој после Европското првенство ќе си замине од германската репрезентација. Како опција се споменува и легендата Раул, кој моментално е тренер на младинскиот тим.

На списокот се наоѓа и Маурисио Покетино кој има долг договор со ПСЖ и е најмалку веројатно да седне на клупата на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Погледнете како Донарума збаесна по киксот на Манчестер сити (Видео)

Џанлуиџи Донарума ги загуби нервите по фрустративното реми на Манчестер Сити без голови пр…