Дома Македонски спорт Мак ракомет Червар го нема, Металург се спрема за Спортинг!

Червар го нема, Металург се спрема за Спортинг!

Металург одржа прес-конференција во пресрет на натпреварот од третото коло во Лигата на шампионите против Спортинг Лисабон, но без тренерот Лино Червар.

Инаку, тимот по непланираниот пораз од Бешикташ работеше под палката на Александар Јовиќ, но од клубот информираа дека шефот на стручниот штаб, Лино Червар, ќе го предводи тимот против Спортинг.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лино Червар е отсутен, тој е на седница на стручниот совет на хрватската ракометна репрезентација и се очекува во Скопје да пристигне доцна вечерва или утре претпладне и ќе биде тука за натпреварот со Спортинг“, информираат од клубот.

„Фаворитската улога ја има екипата на Спортинг, се работи за една искусна екипа која игра цврсто во одбраната и е многу опасна во транзиција. Моето видување во овој период додека работев со екипата е дека во еден колектив сите вработени имаат свои права и обврски. Од страна на клубот спрема нас, вработените, се исполнети сите обврски и мислам дека на овој натпревар треба ние да ги исполниме нашите обврски кон клубот, кон публиката и нашиот газда, кој сите овие години вложува во наша афирмација. Треба да завршиме со криење од типот имавме лош ден или имавме лошо судење. На овој натпревар треба да се трансформираме, односно од мачиња да станеме лавови. Само така ќе може да му се спротивставиме на Спортинг“, рече на прес-конференцијата првиот асистент на Червар, Александар Јовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Во Битола уште долго ќе се памети победата над Вардар: Мирко Ивановски доби специјален подарок 📸

Во единствениот натпревар кој вчера се играше од 17:00 часот екипата на Пелистер на свој т…