Лути и незадоволни би можеле да бидат Педро, Фабрегас, Давид Луиз…
Роман Абрамович вложува многу во Челси, нудеше огромни плати, но една работа никогаш не ја праваше.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, во Челсе ниту еден фудбалер кој ќе наполни 30 години не добиваше договор со важност подолга од една година, токму поради Челси дојде во ситуација ниту една легенда да не го дочека крајот на кариерата на „Стенфрод Бриџ“.
Но, сега овој „закон“ клубот би можел да го прекрши и тоа поради Босанецот, Един Џеко. Фудбалер кој не значи ништо на навивачите на Челси и фудбалер кој не спаѓа во самиот европски „крем“ (со сета почит кон неговите квалитети).
Џеко има 31 година и „сините“ се спремни да му понудат договор од 7 милиони фунти во важност од две ипол години.
Вакви привилегии во клубот не добија ниту Џон Тери, Френк Лампард, Бранислав Ивановиќ.… Покрај нив лути би можеле да бидат и сегашните фудбалери на Челси кои наскоро би требало да започнат преговори за нов договор, Педро, Давид Луиз и Сеск Фабрегас.
Но, од друга страна пак тешко дека Челси може да ги убеди искусните фудбалери да им се приклучат доколку не се „отвори“ и ги промени правилата.