Лондонски Челси не се откажува од ангажирање на аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин.
Новиот менаџер на Сините, Маурицио Сари со задоволство би го донел 30 годишниот напаѓач во својот тим.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Раководството на Челси поради тоа одлучи повторно да отвори преговори со Јувентус. Не се познати деталите за понудата, но Бјанконерите нема да го пуштат за помалку од 60 милиони евра.
Претходно Челси го сакаше и дефанзивецот на Старата дама Даниеле Ругани. Сепак, се откажаа откако за него и Игуаин Јуве побара неверојатни 90 милиони евра.
Игуаин на крајот би можел да заврши на Стемфорд Бриџ. Јуве сигурно размислува за продажби поради финансискиот фер-плеј.
Игуаин во Јувентус пристигна во 2016 година од Наполи за 94 милиони евра, а минатата сезона постигна 23 гола на 50 натпревари.