Дома Трансфер зона Челзи тргнува по Милинковиќ – Савиќ

Челзи тргнува по Милинковиќ – Савиќ

Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи се вклучил во трката по потписот на ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ – Савиќ.

Српскиот фудбалер е поврзуван со трансфер во Јувентус, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, но сега Челзи почна да презема сериозни чекори за негов ангажман.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Наводно „сините“ оствариле контакт со агентот на фудбалерот и добиле зелено светло, па сега треба да седнат на преговарачка маса со Лацио.

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито уште еднаш потврди дека СМС може да замине само доколку пристигне „луда“ понуда.

Медиумите тврдат дека Лацио за неговата слобода ќе бара 120 милиони евра, па останува да видиме дали Челзи е спремен да ја плати таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…