Екипата на Челзи спрема нов договор за Еден Азар, па Белгиецот наскоро би можел да стане најплатен фудбалер во европскиот фудбал.
Челзи е одлучен во намерата го задржи Азар, еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата, па Роман Абрамович спрема договор за овој фудбалер според кој би заработувал 300.000 евра неделно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со овие примања, Азар заедно со Пол Погба би станал најплатен фудбалер во Премиер лигата, секако доколку одлучи да ја прифати понудата за продолжување. Доколку Азар го продолжи договорот веројатно ќе стави крај на шпекулациите кои го поврзуваат со Реал Мадрид.
Белгиецот неодамна беше повреден, но сега се врати во тимот и Челзи со него би можел да се надева на одлични резултати. Во тековната сезона, Азар на шест натпревари постигна два погодоци.