Левиот бек на Милан, Тео Хернандес е голема желба на раководството на Челзи, пренесуваат италијанските медиуми.
„Сините“ планираат да испратат понуда за 24-годишниот дефанзивец, кој игра одлично во Милан и се промовираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан го купи Хернандес од Реал Мадрид за 20 милиони евра, но неговата цена драстично порасна после добрите партии на „Сан Сиро“.
Челзи е во потрага по лев бек после повредата на Чилвел и испратил понуда од 60 милиони евра за Французинот.
Последните информации од Италија се дека Тео Хернандес и Милан ја одбиле понудата бидејќи наскоро ќе ја продолжат соработката до 2026 година.
Il #Chelsea all’assalto di Theo #Hernandez: la risposta del #Milan e quei 60 milioni… https://t.co/5V8xsEJi99 pic.twitter.com/FXBi1clpUL
— calciomercato.com (@cmdotcom) December 29, 2021