Дома Трансфер зона Челзи спреми нова понуда за Кунде

Челзи спреми нова понуда за Кунде

Раководството на Челзи продолжува да работи на трансферот на дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде, иако не успеа да го донесе минатото лето.

Францускиот репрезентативец има договор со шпанскиот клуб до 2024 година во кој има откупна клаузула од 68 милиони фунти.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Челзи на лето ќе остане без Рудигер и Кристенсен, па примарна трансфер цел на „сините“ ќе биде доведување на врвен дефанзивец.

Кунде е најголема желба на Челзи, а и самиот играч сака да се пресели во Премиер лигата.

Се очекува наскоро „сините“ да започнат преговори со Севиља, а се спремни да понудат 70 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…