Иднината на Едуард Менди и Кепа Аризабалага во Челси не е сигурна затоа што раководството на чело со газдата Тод Боели наводно е подготвено да плати 75 милиони евра за нов чувар на мрежата.
Челзи следното лето ќе тргне по услугите на португалскиот голман Диого Коста од Порто, а веќе го контактирале португалскиот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, конкуренција ќе им биде Манчестер јунајтед кој е заинтересиран за него затоа што планираат да го заменат Давид де Хеа.
Голманот има откупна клаузула од 75 милиони евра, иако Челси прво ќе преговара да ја намали цената, но поверојатно е дека ќе мора да даде толку пари затоа што Порто засега не покажа интерес да го продаде својот чувар на мрежата.