Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи е силно заинтересиран за дефанзивецот на Лестер, Весли Фофана.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Сините“ се во потрага по квалитетен дефанзивец, а Фофана е примарна трансфер цел на Томас Тухел.




Лестер е во силна позиција да преговара за 22-годишниот дефанзивец бидејќи тој има договор до летото 2027 година.
„Лисиците“ веќе одбија една понуда од 60 милиони фунти, но сега самиот фудбалер притиска за трансфер.




Фофана постигна комплетен договор со Челзи и побарал трансфер од раководството на Лестер.
Поради тоа „сините“ се оптимисти дека трансферот може да се реализира за 70 милиони фунти.