Дома Фудбал Останато Челзи сакаше да го купи – најбогатиот навивач на Манчестер Јунајтед!

Челзи сакаше да го купи – најбогатиот навивач на Манчестер Јунајтед!

После шпекулациите дека англискиот фудбалски клуб Челзи може да биде ставен на продажба на адреса на „сините“ пристигнале и првите понуди, но одговорот бил негативен.

Роман Абрамович одби да го продаде Челзи.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Рускиот тајкун доби неколку понуди од Кина и уште неколку други земји, но најсериозната била од најбогатиот Британец, Џим Ретклиф.

Овој човек е „тежок“ околу 25 милијарди евра, што го прави двојно побогат од Абрамович и сигурно дека можеше да си дозволи голем клуб каков што е Челзи.

Доколку Абрамович прифатеше да го продаде клубот на Ретклиф, сигурно би следувале големи протести од навивачите бидејќи тој деклариран како навивач на – Манчестер Јунајтед!

Но, за нивна среќа немаат потреба да се грижат бидејќи Абрамович ја одбил понудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Повеќе нема трпение: Ѕвездата на Реал Мадрид на трансфер листа!

Како што пренесуваат шпанските медиуми, управата на Реал Мадрид реши во следниот преоден р…