Фудбалерот на Челзи, Жоржињо би можел да го напушти клубот и пред завршување на договорот во 2023 година, а тоа го најави неговиот менаџер Жоао Сантош.




Жоржињо следното лето ќе влезе во последната година од договорот, а агентот тврди дека негов сон е да се врати во Италија.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Жоржињо во 2018 година од Наполи се пресели во Челзи за 50 милиони фунти, а неодамна беше избран за најдобар играч во Европа од страна на УЕФА.




Сепак, Челзи не сака да се раздели со Италијанецот и веќе започна преговори за нов договор.




Според англиските медиуми „сините“ му понудиле значително зголемување на платата и се оптимисти дека Жоржињо наскоро ќе стави потпис на нов договор.
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!