Денес во медиумите е актуелна приказната како пропаднала Суперлигата, односно дека се започнало на прославата на Лапорта за победата на изборите во Барселона. Тогаш Лапорта во еуфоерија таа информација ја кажал на Хавиер Тебас (претседателот на Ла Лига) – повеќе за ова тука.
Сега е објавено како во Челзи била донесена конечната одлука да се повлечат, клучна улога одиграл изгледа Владимир Путин.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите на голем број медиумите Путин го побарал сопственикот на Челзи Роман Абрамович и го притиснал Челзи да се откаже од проектот затоа што рускиот „Газпром“ е еден од главните спонзори на Лигата на шампионите. „Газпром“ е во сопственост на газдата на Зенит, Зенит доаѓа од Санк Петерзбург, град во кој ќе се игра финалето на Лигата на шампионите во 2022 година, а и одредени натпревари од Европското првенство ова лето.
Русија претходно го организираше Светското првенство во 2018 година, па Путин сакал неговата земја да остане во добри односи со ФИФА и УЕФА и поради тоа ги притиснал Абрамович да излезе од тој проект.
Ќе потсетиме, Челзи заедно со Манчестер Сити беа првите клубови кои објавија откажување.