Калум Хадсон-Одои своевремено беше голема желба на Баерн Минхен, германскиот гигант испраќаше неколку понуди, но Челзи не попушташе и го задржа во своите редови.
Но, формата на младиот фудбалер не се развиваше како што се очекуваше и одеше во надолна линија, па сега може да ги напушти „сините“, меѓутоа само на позајмица.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Челзи се уште веруваат дека со настапи во континуитет Одои може да се врати на вистинскиот пат, па затоа ќе го испратат на позајмица.
Според последните информации Челзи е во завршни преговори за позајмица на Одои во Бундеслигата во тимот на Баер Леверкузен. Договорот за позајмица не би вклучувал опција за откуп.
Кога Одои го играше најдобриот фудбал понудите на Баерн се искачуваа и до 70 милиони евра. Ќе видиме сега дали во друг германски клуб може да ја врати старата форма.