Премиерлигашот Челзи ќе доживее реконструкција откако Тод Боели го презема клубот од рускиот милијардер Роман Абрамович.
Гигантот од Лондон бара нови таленти, а познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека „сините“ се во битка за три големи таленти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Романо објави дека Челзи е заинтересиран за Ендрик, Ромео Лавиа и Арсен Закаријан, кои се на листата со желби и на останати гиганти.
„За Ендрик, Челзи се бори со Реал Мадрид и ПСЖ, но сè уште е рано да се реши. Лавиа беше желба на Челси и минатото лето, но засега нема контакти со него од август. Закаријан останува на листата со желби и тимот работи на негов ангажман“, објави Романо.