Челзи ја започна операцијата за доведување на Душан Влаховиќ на „Стенфорд Бриџ“, бидејќи е најголема желба на тренерот Покетино.
Цената на Влаховиќ во моментов изнесува помеѓу 70 и 80 милиони евра, сума која нема да биде проблем за лондонскиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Јувентус сака да ја искористи ситуацијата и во трансферот да го вклучи Ромелу Лукаку, кој е на излезна врата од Челзи.
Интер не успева да го договори Белгиецот бидејќи „сините“ бараат 40 милиони евра за неговата слобода, а „нероаѕурите“ го сакаат само на позајмица.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Челзи е спремен за евентуална трампа со доплата за да го добие Влахивиќ, па се чека само зелено светло од Лукаку.