Дома Трансфер зона Челзи испрати нова понуда за Де Лихт

Челзи испрати нова понуда за Де Лихт

Примарна цел на Челзи во летниот преоден рок ќе биде дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Челзи веќе ги започна преговорите со Јувентус, а вчера двете страни имале нов видео состанок, соопштија медиумите на Апенините.

Јувентус е спремен да го продаде Де Лихт, но за неговата слобода бара 100 милиони евра, сума која Челзи ќе се обиде да ја намали преку преговори.

Првата понуда од „сините“ изнесуваше 40 милиони евра плус Тимо Вернер, но таа експресно беше одбиена.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Челзи значително ја зголемил понудата и е спремен да плати 80 милиони евра за Холанѓанецот, па двете страни сега се блиску до договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…