Дома Трансфер зона Челзи го „краде“ големиот талент пред носот на Манчестер Јунајтед

Челзи го „краде“ големиот талент пред носот на Манчестер Јунајтед

Челзи ќе биде активен на трансфер пазарот ова лето, па иако веќе го обезбеди потписот на Хаким Зијех, не рамислува тука да застане.

Англиските медиуми пренесуваат дека „сините“ се вклучиле во трката за „вундеркиндот“ од Бирмингем, Џуд Белингам и спремиле понуда од 30 милиони фунти.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако има смао 16 години тој веќе запиша 31 настапи за Бирмингем, а моментално е на списокот на репрезентацијата на Англија до 19 години.

Во јануари медиумите го поврзуваа Белингам со трансфер на „Олд Трафорд“, но Челзи сака да го „украде“ талентот пред носот на „црвените ѓаволи“.

Белингам важи за еден од најголемите таленти на Островот, го следат сите англиски гиганти, па на лето се очекува голема битка за неговиот потпис.

Првичната понуда на Челзи е 15 милиони фунти која со дополнителни бонуди може да стигне до 30 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…