Голманот на Челзи, Тибо Куртоа најверојатно ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“ ова лето, откако не постигна договор со раководството за нов договор.
„Сините“ ги прекратија преговорите со неговиот агент и го ставија Белгиецот на трансфер листа, а најсилен интерес за 26-годишниот голман покажуваат Реал Мадрид и Ливерпул.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Минатата сезона Куртоа настапи на 46 натпревари за Челзи и прими 47 гола, а со оглед на фактот што неговиот договор истекува следното лето, лондонскиот клуб ќе биде приморан да го продаде.
Наводно „сините“ како замена за Белгиецот го сакаат голманот на Рома, Алисон за кого се спремни да понудат 80 милиони евра.