Дома Топ вести Челзи во трка со ФИФА: „Сините“ на чекор од засилување од 80 милиони евра!

Челзи во трка со ФИФА: „Сините“ на чекор од засилување од 80 милиони евра!

Во Челзи изгледа им се брза после најавата на ФИФА дека можат да бидат казнети со суспензија за доведување играчи во наредните две години.

Свесни се директорите на клубот дека Еден Азар не може да ја изнесе целата сезона и дека засилувања се неминовни ако сакаат да се борат за титутлата до крајот на сезоната.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Казната на ФИФА би можела да стапи на сила од летото кое следи, па јануари би била последна прилика за „сините“ да се засилат.

Поради таквата ситуација „Дејли Мејл“ тврди дека Челзи е на чекор од договор за трансфер на Кристијан Пулишиќ! Дортмунд наводно размислува, но тешко дека би одбиле понуда од 80 милиони евра колку што се најавува дека истата ќе изнесува.

Според информациите, „сините“ имале свои скаути во натпреварот помеѓу Англија и САД, во која слаавеше „Гордиот Албион“, но во гостинскиот табор Пулишиќ беше единствениот кој се истакна.

Пулишиќ во Дортмунд е од својата 16-та година, но констатно одбива да седне на преговори за нов договор, а оваа сезона му се намали и минутажата поради експлозијата на Џандон Санчо.

Претходно интерес за Пулишиќ покажаа Ливерпул и Тотенхем, но ниту еден од овие два клуба не направи сериозни потези да го доведе во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…