Челзи тргна во последната офанзива по потписот на Пјер Емерик Обамејанг од Барселона.
Како што објави добро известениот Џерард Ромеро, Челзи за 33-годишниот Габонец понудил 27 милиони евра, а од Барса одоговорот бил негативен затоа што сакаат три милиони евра повеќе. Сепак разликата од три милиони евра не би требало да биде „кочница“ за трансферот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во меѓувреме со Обамејанг се поврзуваше и Манчестер Јунајтед, но наводно Габонецот е решен повторно да соработува со Томас Тухел со кого заедно беше во Борусија Дортмунд.
Медиумите пренесуваат дека денес би требало да бидат договорени личните услови на Обамејанг, а потоа ќе следи и финален договор помеѓу клубови.
Во Каталонија ќе потсетиме Обамејанг пристигна како слободен играч на крајот на јануари, па така Барса од него би имала „чиста“ заработка.