Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е во напредни преговори со Хакан Чалханоглу и трансферот треба да се реализира наредните денови.
Договорот на Чалханоглу со Милан истекува овој месец, а двете страни после долги преговори не успеаа да најдат заеднички јазик.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Интер ја искористи ситуацијата и ќе го донесе турскиот репрезентативец без обештетување, бидејќи „нероаѕурите“ сметаат дека ќе биде идеална замена за Ериксен.
„Скај Италија“ пренесува дека Интер му понудил четиригодишен договор тежок 4,5 милиони евра по сезона, а Чалханоглу се согласил да се пресели во градскиот ривал.
#Calciomercato, l'#Inter sempre più vicina a #Calhanogluhttps://t.co/hwGlxSbYlC
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) June 20, 2021