Дома Фудбал Чави: Судиите никогаш не и помогнале на Барселона, не сакам да победувам со измама

Чави: Судиите никогаш не и помогнале на Барселона, не сакам да победувам со измама

Tренерот на Барселона, Чави Ернандез ја препушти улогата фаворит на Реал Мадрид во двомечот кој следи во полуфиналето во „Копа Дел Реј“, но на прес-конференцијата тема беше и скандалот со кој се поврзуваше Барселона.

Имено, Барселона беше обвинета дека исплатила 1.4 милион евра на потпретседателот на судиската комисија за „ветер во грб“ од судиите. Сето тоа Чави остро го демантираше.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Случај Негреира (потпретседателот)? Судиите нас никогаш не ни помогнал. Тоа е мое чувство, не сакам да победувам со измама“, јасен беше Чави.

Фаворитската улога ја препушти на Реал Мадрид, но се надева на победа.

„Знаеме дека Реал Мадрид е исклучително тежок ривал. Овие два натпревари ќе бидат многу поразлични во однос на Ла Лига и Лига Европа. Одиме да победиме и да покажем кои сме. Ќе дадеме се од себе да го освоиме трофејот.

 Реал е фаворит, тие сепак се уште се актуелни шампион на Ла Лига и Лигата на шампините. Тоа што ние го освоивме Суперкупот нема никаква врска. Како навивач на Барселона овој натпревар ме мотивира повеќе од било кој друг“, изјави Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…