Tренерот на Барселона, Чави Ернандез се огласи за судењето на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Алмерија, натпревар кој предизвика бурни реакции во шпанската јавност.
Чави беше прашан за коментар средбата помеѓу Бетис и Барселона, Реал Мадрид играше неколку часа претходно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Судењето на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Алмерија? Ако кажам што мислам, ќе ме казнат, сите видовме…Веќе во Гетафе кажав дека има работи кои не ги разбирам и кои не ги контролираме, сите можат да го видат тоа.
Се сеќавам на пеналот на Гетафе, голот на Жоао во Гранда…и не се зборува за тоа. Во овој момент ќе имавме шест бода повеќе, ова не се изговори туку реалност“, изјави Чави.
Барселона ќе потсетиме, го победи Реал Бетис со 2:4.