Легендарниот шпански фудбалер Чави Ернандес даде многу инетресно интервју за шпанските медииуми во кое посебно се осврна на периодот во Барселона под водство на Пеп Гвардиола.
Чави тврди дека во моментов физичката спремност и техниката во фудбалот се доведеви до перфекција и дека главната улога на тренерите е тактиката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сметам дека улогата на тренерот понекогаш претерана. Толку голем напредок има од физички аспект, така што моментално е тешко да издриблате противник. Освен Меси, Немар или Суарез, дури Роналдо и Бејл имаат проблем да го направат тоа, бидејќи сме на ниво на физичка спремност на кое не може да бидеме подобри. Имаме чипови на градите, ги броиме километрите, ја мериме најголемата брзина. Невозможно е да бидеш подобро припремен“, смета Чави.
„Тактичкиот аспект исто така е експлоатиран. Гвардиола се фокусираше на детали, контролираше се. Секогаш бевме совршено позиционирани. Некои се обидуваа да го копираат, како Лев, кои не следеше и гледаше тоа што го правиме. Други заминаа во спротивен правец, како Симеоне. Има талентирани играчи како што е Коке, кој брани длабоко, го затвора просторот со намера да дојде до супериорност“, објаснува Чави и додава дека во моментов има многу повеќе тренери како Симеоне отколку како Гвардиола.
„Во овој момент единствено нешто што може да се унапреди е тактиката, разбирањето зошто нешто се случува. Во тоа е талентот, а тоа не е развиено доволно. Во фудбалот има повеќе тренери како Симеоне отколку како Гвардиола. Тоа се гледа во Премиер лигата. Колку тимови играат како Пеп? Два, три? Колку играат како Симеоне и им дозволуваат на противниците да доминираат? Сите останати. Исто е и во Примера, а потоа ќе слушнете: ’Па не можеме да се бориме со Сити и Барселона’“, заклучи шпанскиот плејмејкер.