Дома Фудбал Останато Чави за враќањето на Меси: Од него зависи, знам како ќе играме со него

Чави за враќањето на Меси: Од него зависи, знам како ќе играме со него

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес проговори за евентуалното враќање во клубот на Лео Меси.

Се погласни се шпекулациите дека Меси ќе се врати во Барселона, откако стана јасно дека нема да го продолжи договорот со ПСЖ.

Претседателот Лапорта потврди дека клубот работи на негово враќање, а Чави веќе има тактички план како ќе игра со Аргентинецот.

„Му кажав на претседателот на клубот дека враќањето на Меси има смисла. Не се сомневам, тој е совршен за нашиот систем и идеја. Подготвив тактички план за Лео. Да, разговарам со него, сега се зависи од него, тој треба да одлучи“, изјави Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рашфорд кажа „НЕ“ за Турција, сака да остане во Манчестер Јунајтед

Маркус Рашфорд нема намера да се пресели во Турција, и покрај информациите дека Фенербахче…