Чави Ернандес денес и официјално беше претставен како нов тренер на Барселона.




Легендата не ги криеше своите емоции поради враќањето во неговиот матичен клуб и на првата пресконференција го откри еден од приоритетите.




Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Чави смета дека Осман Дембеле е многу важен играч во неговиот проект и го повика раководството што е можно побрзо да му го продолжи договорот.




„Имам јасна идеја, Дембеле мора да продолжи во Барселона. На позицијата како крилен напаѓач може да биде најдобар играч во светот и мора да му помогнеме да го оствари тоа. Тој е играч кој може да направи разлика во Барселона. Неговото продолжување на договорот е приоритет“, изјави Чави.