Дома Топ вести Чаби Алонсо го пронајде првиот тренерски ангажман

Чаби Алонсо го пронајде првиот тренерски ангажман

Легендарниот шпански играч за врска Чаби Алонсо го пронајде својот прв тренерски ангажман.

Поранешниот играч на Реал Мадрид, Баерн Минхен и Ливерпул е нов тренер на Реал Сосиедад Б, тоа шпанскиот клуб официјално го потврди.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Ќе потсетиме, Алонсо веднаш по завршувањето на играчката кариера започна да се занимава со тренерска работа, но во младинските категории на Реал Мадрид, а сега доби прилика да го води вториот тим на Сосиедад.

Многумина сметаат дека ова може да биде одлична отскочна даска за Алонсо и во иднина да стане и тренер на првиот тим на Сосиедад.

Ќе потсетиме, Алонсо во овој клуб ја започна и играчката кариера, па не е ниту чудо што се одлучи тука да ја започне и тренерската.

Алонсо зо играчките денови беше познат по одличниот преглед и организација на играта, а многумина го нарекуваа и „продолжена рака“ на тренерот.

Токму поради тоа очекувањата се да биде одличен тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Садио Мане зборуваше за односот помеѓу него и Салах во Ливерпул

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Садио Мане, исто така ја изнесе својата верзија за односи…