Дома Фудбал Англија „Црвените“ на потег: Клоп го најде наследникот на Кутињо во лондонски Вест Хем

„Црвените“ на потег: Клоп го најде наследникот на Кутињо во лондонски Вест Хем

Бразилскиот фудбалер, Филипе Кутињо наскоро најверојатно ќе потпише за Барселона, по што Јирген Клоп и челниците на клубот од „Енфилд“ тргнаа по потрага на неговиот наследник.

Ако им се верува на пишувањата на британските медиуми, Ливерпул е сериозно заинтересиран за Мануел Ланцини од Вест Хем, за кој е подготвен да понуди 40 милиони фунти.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Во контекст на потпишување за Ливерпул се споменаа уште некои имиња како Леон Горетцка и Томас Лемар, а изборот на крајот би можел да биде Аргентинецот од редовите на Вест Хем, со кој навивачите на „Црвените“ баш и не се задоволни.

Мануел Ланцини има 24 години и член на Вест Хем е од 2015. година, кога е испратен на позајмица во Ал Џезира. Една година подоцна, Вест Хем го откупи неговиот договор за 12 милиони и Аргентинецот во меѓувреме стана еден од најважните играчи на лондонскиот клуб.

Освен за Вест Хем и Ал Џезира, Ланцини настапуваше и за Ривер Плата и Флуминенсе, како и за репрезентацијата на Аргентина за која одигра два меча.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гол на сезоната во Премиер лигата (видео)

Манчестер Сити го пречекува Борнмут во натпревар кој е од исклучително значење за „граѓани…